Гладот во 1932-1933 владеел не само Украина, но и во други области во Советскиот Сојуз. Терминот Гладомор се користи специјално за областите населени со етнички украинци, каде гладот бил најсилен. Тој понекогаш е нарекуван Украински геноцид[3][4][5][6] или Украински холокауст, што укажува дека е намерно организиран од властите за да влијае врз украинската нација.[7]
Причини и предизвикување на гладот
Гладот бил резултат на Сталиновата политика за присилна колективизација и вооптшто отпорот од страна на украинскиот народ кој како основа на советското земјоделство не сакал да ја прифати новата економска политика. Милиони луѓе починале од глад, а најголемите загуби ги претпела Украина која била најплодно земјоделско подрачје на територијата на Советскиот Сојуз.
↑- The famine of 1932–33 - Encyclopædia Britannica: "The Great Famine (Holodomor) of 1932–33—a man-made demographic catastrophe unprecedented in peacetime. Of the estimated six to eight million people who died in the Soviet Union, about four to five million were Ukrainians... Its deliberate nature is underscored by the fact that no physical basis for famine existed in Ukraine... Soviet authorities set requisition quotas for Ukraine at an impossibly high level. Brigades of special agents were dispatched to Ukraine to assist in procurement, and homes were routinely searched and foodstuffs confiscated... The rural population was left with insufficient food to feed itself."
↑U.S. Commission on the Ukraine Famine, "Findings of the Commission on the Ukraine Famine"[1]Архивирано на 4 јуни 2011 г., Report to Congress, Washington, D.C., April 19, 1988