Територијата на градот непосредно се граничи со хамбуршкиот кварт Алтенгаме, додека од Долна Саксонија е разделена преку Елба, а самиот град се наоѓа на тромеѓе помеѓу трите покраини (Шлезвиг-Холштајн, Хамбург и Долна Саксонија).
Историја
Околу 800 година: Била спомената црква.
1216: Прв документирано спомнување на населба како „Хахеде“ (Hachede), тогаш дел од Саксонија.
Промената на текот на Елба ја поделило населбата на две: Гестхахт и Маршахт (денес во Долна Саксонија).
1296: Гестхахт станал дел од Војводството Саксо-Лауенбург, кое настанало по распаѓањето на Саксонија.
1370: Војводата Ерик III го заложил Гестхахт — како дел од Грофовијата Бергедорф — на Либек.
1401: Војводата Ерик IV насилно ја преземал заложената земја.
1420: Гестхахт е отстапен како дел на кондоминиум („владеење на два субјекта на иста територија“) на Ханзините градови Хамбург и Либек со Мирот во Перлеберг.
1865/66: Шведскиот хемичар Алфред Нобел основал фабрика за глицерол во Гестхахт (на ридот Кримел) и го осмислил динамитот. Кримел станал првата фабрика за динамит во светот.
1868: Либек го продал својот удел во кондоминиумот на Хамбург, а со тоа Гестхахт станал дел од територијата на Хамбург.
1906: Отворање на железничката линија Бергедорф-Гестхахт.
1918–1933: Гестхахт е средиште на радикалните левичарски партии (USPD, KPD и SAPD) и го добил прекарот „Малата Москва“.
1924: Добил градски права од Хамбург на 2 јануари.
1928: Уништување на историското градско јадро со пожар.
1937: Поради територијалната реорганизација на Хамбург (Закон за голем Хамбург), Гестхахт е префрлен на пруската покраина Шлезвиг-Холштајн, каде станал дел од округот Војводство Лауенбург.
1953: Прекин на патничкиот сообраќај на железничката линија Бергедорф-Гестхахт.