Предвоени германски територии источно од оваа линија и во граничните рамки од 1937 г. сочинувале 23,8 % од Вајмарската Република. Овие територии биле одземени на Германија согласно Потсдамската конференција од 1945 г., при што најголем дел ѝ припаднал на Полска. Остатокот (северниот дел на Источна Прусија) му бил даден на СССР и наречен Калининградска Област како ексклава на Руската СФСР. Околу 12 милиони Германци од овие територии ги напуштиле своите родни краишта есента 1944 г. бегајќи пред доаѓањето на Црвената армија.
Од 1950 до 1990 г. Линијата Одра-Ниса била граница помеѓу Источна Германија и Полска. Двете комунистички влади се спогодиле за границата во 1950 г. додека пак Западна Германија најпрвин одбила да ја прифати, а потоа во 1970 г. почнала воздржано да се придржува кон неа.[3]
По таканаречените револуции од 1989 г. новообединета Германија и Полска во 1990 г. потпишале договор со кој двете страни ја потврдиле оваа граница.
Населени места по границата (од север кон југ)
Дадени се само граничните премини што можат да се поминат со возило, воз или брод. Под местата во Полска во загради се наведени нивните германски имиња кои ги носеле пред припојувањето кон Полска.