Географија на Монако

Географски координати :43°44′N 7°24′E / 43.733° СГШ; 7.400° ИГД / 43.733; 7.400

Местоположба

Монако е кнежевство во Југозападна Европа.

Граници

Вкупната површина на земјата изнесува 1,95 км2 , и според тоа се наоѓа на 230 место по големина во светот. Монако претставува т.н. град-држава, кој се наоѓа на Средоземно Море и граничи со Франција.

Монте Карло е најголемиот во државата.

Население

Според пописот, вкупното население во Монако е околу 32,965 жители. Густината на населеноста е 16,818 жит/км2, според кој е една од најгусто населените места во светот.

Клима

Кнежевство Монако е втората најмала држава во светот по Ватикан. Монако се наоѓа на т.н. Азурен брег на Средоземно Море, на 18 километри источно од францускиот град Ница. Највисока точка во државата е 163 метри, највисокиот врв “Ангел“ е висок 1109 метри. Монако не располага со никакви природни ресурси.

Климата во Монако е субтропска со мека и дождовна зима и топло и суво лето. средната минимална температура во јануари е 8 °C, а средната максимална температура во јули и август е 26 °C.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!