Виљануева де ла Серена — град во покраината Бадахос, Екстремадура, Шпанија. Градот има население од 26.111 (2010)и е дел од поголемата градска средина со соседниот град Дон Бенито.
Основан е во XIII век под името Алдеануева де Медељин, и градот бил важен центар за овчарите во средниот век. Овде е роден Педро де Валдивија кој го освоил Чиле за кралското семејство.
Местоположба
Сместен во округот Вегас Алтас, Виљануева е главната порта во Ла Серена, уште еден округ во Екстремадура каде припаѓа историски. На растојание само од 5 км од Дон Бенито, создавајќи го Виљануева дела Серена-Дон Бенито, градска заедница со 60.000 жители, создавајќи го најважниот земјоделски, индустриски и услужен центар во Екстремадура. Мерида и Бадахос се на соодветни растојанија од 58 и 116 км од Виљануева де ла Серена.
Природната патека од Вегас дел Гвадијана започнува во овој град.