Ананд стана светски првак во шах според ФИДЕ во 2000, кога светската титула беше поделена. Во 2007, Ананд стана неоспорен светски првак во шах со победата против Владимир Крамник, а во 2008 против истиот противник ја одбрани истата титула. Со оваа победа, тој станал првиот шахист во шаховската историја којшто успеал да стане светски првак во 3 различни форми на натпреварување: нокаут, турнир и меч. Последователно, Ананд во два наврати ја одбаранил титулата: во 2010 против Веселин Топалов во меч одигран во Софија и во 2012 против Борис Гелфанд во меч одигран во Москва. Но, веќе следната 2013 година ја загубил титулата во мечот одигран против Магнус Карлсен.
Вишванатан Ананд е и еден од четворицата шахисти кој некогаш имал рејтинг поголем од 2800 бода. Во периодот од април 2007 до јули 2008, тој беше прв на пет од шесте рејтинг списоци на ФИДЕ. Во октомври 2008, Ананд го изгуби првото место, а за првпат по јули 1996 не се најде помеѓу најдобрите 3 шахисти во светот.
Во 2007, Ананд беше одликуван со втората највредна цивилна награда на Индија, Падма Вибхушан. Тој исто така е и првиот добитник на најголемото спортско признание во Индија, Раџив Ганди Кел Ратна за периодот од 1991-92.
Рани години
Вишванатан Ананд е роден на 11 декември 1969 во Мајиладутурај, Тамил Наду, Индија,[2] како дете на господин Вишванатан, пензиониран извршен директор на Јужните железници и госпоѓа Сушила, домаќинка и шаховски љубовник. Тој научил да игра шах од неговата мајка. Тој го опишал сввоите почетоци во играта во разговор со Жужа Полгар:
„Започнав кога имав 6 години. Ме научи мајка ми. Всушност, таа правеше многуи за мојот шах. Се преселивме на Фиклипините кратко потоа. Се вклучив во еден клувб во Индија, но се преселивме на Филипините за една година. Таму имаше телевизиски програми кои се емитуваа попладне, една таква се емитуваше додека одев на училиште. Таа ги препишуваше сите партии и загатки кои ги прикажуваа и ноќта ги решававме заедно. Се разбира мајка ми со своето семејство играше шах и тоа го правеше со помладиот брат, па имаше шаховска основа, но никогаш не играла во клуб или нешто слично. Ги ртешивме сите загатки и ставивме во нашите одговори заедно. И тие доделија награда во вид на книга за победникот. И во периодот од многу месеци, јас освоив мнофгу награди. Од една страна велат, земи ги сите книги што ги сакаш, но не икспртаќаат повеќе примероци.“[3]
Шаховска кариера
Рана кариера
Напредокот на Ананд во индискиот шах бил со метеорски размери. Неговиот успех на национално ниво се појавил многу рано. Во 1983, на 14 години Вишванатан го освоил субјуниорското државно првенство со ефект 9/9. Во 1984, на 14 години, тој станал најмладиот индиски шахист којшто станал меѓународен мајстор. На 16 години, Вишванатан станал и најмладиот шаховски шампион на Индија, титула која ја освоил уште двапати. Тој исто така играл и брзопотезен шах. Во 1987, Вишванатан станал првиот Индиец кој станал светски јуниорски првак во шах. Во 1988, на 18 години, Ананд станал првиот индиски велемајстор. Истата година бил одликуван и со наградата Падма Шри.
„Виши“, како што понекогаш е нарекуван од страна на пријателите се исктакнувал на шаховската сцена во раните деведесетти, победувајќи на шаховски турнири како Реџо Емилија во 1991 (пред Гари Каспаров и Анатолиј Карпов). Играњето на партии на највисоко ниво не го спречило да продолжи да игра брзопотезен шах.
Во кругот на натпреварување за светски првак вон 1993, Ананд за првпат се квалификувал на квалификацискиот турнир на кандидатите за светски првак, победувајќи во првиот меч, но губејќи во четвртфиналето од Анатолиј Карпов.[4]
Од 1994-95 Ананд и Гата Камски дом инираа на квалификационите турнири на турнирите помеѓу соперничките светски првенства на ФИДЕ и Професионалната шаховска асоцијација (ПША). Во натпреварите за светски првак според ФИДЕ во 1996, Ананд загуби во четвртфиналниот меч од Камски по почетното водство.[5] Камски продолжи понатаму во меч против Анатолиј Карпов.
Во натпреварите за светски првак во 1995 според Професионалната шаховска асоцијација, Ананд оствари победи против Олег Романишин и Мајкл Адамс без загубена партија, и тогаш му се одмазди на Гата Камски за поразот во конкуренцијата според ФИДЕ, и го победи во финалето на кандидатите.[6] Во 1995, тој играше за титулата светски првак според ПША против Гари Каспаров во Светскиот трговски центар во Њујорк. По почетните 8 партии кои завршија реми (рекорд за отворањето на еден меч за светски првак), Ананд ја доби деветтата партија со моќна размена жртвувајќи квалитет, но потоа загуби 4 од наредните 5 партии. Тој го изгуби мечот со 10.5 - 7 мај
Светски првак во шах
По неколку порази во мечевите за светски првак, Ананд стана светски пррвак во шах според ФИДЕ во 2000 за првпат по победата над Алексеј Широв со резултат од 3.5 - 0.5 во финалниот меч одигран во Техеран, со што стана првиот Индиец којшто ја понел таа титула. Но, титулата ја задржа до 2002 кога Руслан Пономариов го доби нокаут турнирот за светски првак.
На турнирот за светски првак во 2005, Ананд заврши на делба на втората позиција, заедно со Петар Свидлер со освоени 8,5 бода од 14 партии, 1,5 бод зад победникот, Веселин Топалов.
Во септември 2007, Ананд повторно стана светски првак во шах, победувајќи на турнирот за светски првак против одигран во Град Мексико. Тој победи на двокружниот со освоени 9 од 14 бода, што претставуваше цел бод предност пред второпласираните Владимир Крамник и Борис Гелфанд.
Во 2000, кога Ананд ја освои титулата светски првак во шах според ФИДЕ, постоеше и ривалчската титула, според ПША, која ја поседуваше Крамник. Од 2007, и двете светски титули беа обединети, па со победата во Град Мексико, Ананд стана неоспорен светски првак во шах. Тој стана и првиот светски првак кој титулата ја добил, победувајќи на турнир и во меч, по Михаил Ботвиник во 1948.
Во октомври 2007, Ананд изјави дека го сака двокружниот турнир како оној одржан во Град Мексико и дека правото на Владимир Крамник да биде единствен предизвикувач е смешно.[7]
Вишванатан Ананд успешно ја одбрани титулата светски првак во шах, со победата над Владимикр Крамник вио мечот за светски првак во 2008. Мечот составен од 12 меча започна на 14 октомври 2008, а заврши на 29 октомври 2008, кога Ананд освои половина бод и со 6,5 бода од 11 партии го победи големиот соперник.[8] Пред последната партија, Ананд водеше со 6-4 им му беше потребен само половина бод (едно реми) во преостанатите две партии за да го добие мечот. Во последната партија, Крамник ја играше Најдорфовата варијанта во Сицилијанска одбрана. Противниците ги заменија дамите, а Крамник понуди реми по 24 одиграни потези, воочувајќи дека нема шанси за победа во завршницата.[9]
Последната, 11. партија од мечот за светски првак во 2008
В. Ананд (2783) - В. Крамник (2772)
По освојувањето на титулата, неговата мајка и негов прв учител изјави: „За мене, беше како првиот меч кој го доби на училишниот турнир. Истото е, само степенот е сменет.“ [11]
Како одговор на победата на Ананд, Гари Каспаров изјави: „Одличен резултат за Ананд и за шахот. Виши нја заслчужи победата на секој начин и многу сум среќен за него. Нема да и биде лесно на помладта генерација да го тргне на страна... Ананд целосно неподготвениот Крамник. На овој начин ме потсети на мојот меч со Крамник во Лондон во 2000. Како што бев тогаш, Крамник можеби беше многу добро подготвен за овој меч, но не го видовме тоа.“ [12]
Во април и мај 2010 година, Ананд одигра меч за светски првак во Софија, во кој негов противник беше Веселин Топалов. Мечот се состоеше во 12 партии, а по 11 партии резултатот беше 5½–5½. Во 12. партија, Ананд играше со црни фигури и по катастрофална грешка на Топалов успеа да ја добие партијата, што беше прва партија добиена со црни фигури во мечот и доволна за победа во мечот и одбрана на титулата.
Две години подоцна, во меч за светски првак одигран во Москва, Ананд го победи предизвикувачот Борис Гелфанд, одбранувајќи ја титулата по третпат во низа. По првите 12 партии, мечот заврши без победник (6-6), по што следуваа 4 брзопотезни партии, во кои Ананд победи со 2½-1½.
Во ноември 2013, Ананд бил предизвикан за титулата од страна на Магнус Карлсен. Мечот се одиграл во Ченај и завршил со победа на предизвикувачот Карлсен од 6½-3½, со што Индиецот ја загубил титулата по период од шест години.
Светски првак во брзопотезен шах
Во октомври 2003, ФИДЕ организираше брзопотезен контролен турнир во Кап Агд и беше претставен како Светско првенство во брзопотезен шах. Секоуј натпреварувач имаше 25 минути на почетокот на партијата, со додавање на 10 секунди по секој одигран потег. Ананд побдеи на натпреварот, пред 10 од најдобрите 12 шахисти во тоа време, со победата над Крамник во финалето. Неговите главни скорешни титули во оваа категорија се од: Корзика (6 пати по ред, од 1999 до 2005), Шаховска класика (9 години по ред, од 2000 до 2008), Леон 2005, Евротел 2002, Фуџицу Џајантс 2002 и Melody Amber (5 пати – и има освоено дел од турнирот 7 пати). На турнирот Melody Amber во 2007, Ананд не загуби брзопотезна партија поединечно со ефект 8.5/11, 2 повеќе од останатите. Неговото рејтинг достигнување во брзопотезен шах беше 2939.[13] На многу контролни турнири на кои играл Ананд, имал повеќе време од својот противник на крајот од партијата. Од времето загубил само на една партија, од Гата Камски. Инаку, тој има обезбедено предност, со примена на правилото со оставање малку време на противникот, за да мора да користи цртички, наместо шаховската нотација за време на последниоте 4 минути, во партијата против Свидлер на МТел турнирот во 2006.[14]
Други резултати
Ананд има освоен три последователни турнири во напреден шах , во Леон, Шпанија, по воведувањето на оваа форма на пшах од страна на Гари Каспаров вон 1998, и се смета дека е најдобар шахист во светот во напреден шах, каде луѓето може да се советуваат со компјутер во пресметките на варијанти.
Ананд е и освојувач на шаховскиот оскар во 1997, 1998, 2003, 2004 и 2007. Шаховскиот оскар се доделува секоја година, на шахистот кој е најдобар во една година, според мислењето на најдобрите шаховски критичари, писатели и новинари, предводени од рускиот шаховски магазин 64.
Неговата бирка партии, Моите најдобри шаховски партии, беше издадена во 1998, а ажурирана во 2001.
Меѓу последните успеси на Вишванатан Ананд се и победата на турнирот во Вајк ан Зее во 2006 (на делба сио Веселин Топалов), шаховскиот турнир во Дортмунд во 2004 и шаховскиот турнир во Линарес во 2007 и 2008. Тој исто така е и победник на турнирите во Монако, Блиндфолд и првенствљата во брзопотезен шах во 1994, 1997, 2003, 2005 и 2006. Вишванатан е и единствениот шахист којшто успеал да победи 5 пати на турнирот во Вајк ан Зее, а исто така и единствениот шахист кој победил на Amber турнирот во брзопотезен шах и шах на слепо во иста година (тоа го има сторено 2 пати, во 1997 и 2005). Тој е и првиот шахист кој има победено на сите од трите големи супертурнири:: Вајк ан Зее (1998, 2003, 2004, 2006), Линарес (1998, 2007, 2008), Дортмунд (1996, 2000, 2004).
Во 2007, тој го освои брзопотезниот шаховски турнир Гренкелисинг, којшто го освои по десетти пат, со победата над ерменскиот велемајстор Левон Аронјан. Случајно, само неколку дена пред победата над аронјан во финаклето на Фишеровиот наизменичен шах.
Во март 2007, Ананд победи на шаховскиот турнир во Линарес ин силно се веруваше дека ќе биде на првата позиција според рејтинг списокот на ФИДЕ во април 2007. И покрај тоа, АНанд беше на втората позиција на почетната листа објавена без во неа да бидат вклучени резултатите од турнирот во Линарес. ФИДЕ подоцна најави дека резултатите од турнирот во Линарес ќе бидат вклучени,[15] правејќи го АМНнад најдобар на рејтинг листата во април 2007.[16]
Ананд победи и на шаховскиот супертурнир во Мајнц во 2008, победувајќи ја надоаѓачката ѕвезда Магнус Карлсен, заработувајќи ја својата единаесетта титула на тој натпревар.[17]
Рејтинг
Според рејтинг списокот на ФИДЕ, во април 2007, Ананд беше за првпат најдобар шахист,[18] и првата позиција ја задржи на сите рејтинг списоци на ФИДЕ објавени до јули 2007, со исклучок на лчистата објавена вбо јануари 2008, на која беше второпласиран, веднаш зад Владимир Крамник (со еднаков рејтинг, но Крамник беше прв поради поглемиот број на одиграни партии).[19] На рејтинг списокот на ФИДЕ, објавена во октомври 2008, Ананд падна на петтата позиција, што за него е прв пласман кој не е помеѓу првите 3, од јули 1996.[20]
Награди
Ананд е добитник на многу национални и меѓународни награди:
Награда Арјуна за извонреден спортист на Индија во 1985;
Џамео доро - највисоко признание доделено од влдаата во Ланцароте во Шпанија на 15 април 2001. Наградата се доделува за да ги опише личностите со надпросечни достигнувања;
Постариот брат на Вишванатн Ананд Шивакумар, е шеф на инженерски дизајн во Crompton Greaves. Неговвата сестрља Анурада, се омажила работејќи на институтот за менаџмент во Калкута и се преселила во САД, докторирала корпоративен менаџмент и сега предава на универзитетот во Мичиген[21].
Вишванатан Ананд е со степен од деловното работење. Негови интереси се читање, пливање и слушање музика. Живее во Коладо Медијано во Шпанија со сопругата Аруна.[22]
Корисна литература
Вишвантан Ананд, Моите најдобри шаховски партии (Гамбит, 2001 (ново издание))