Вилхелм Кајтел е роден на 22 септември1882 година во местото Хелмшроде, во грофовијата Брунзвик, како син на Карл Кајтел, земјопоседник, и неговата супруга Аполонија Висеринг. По завршувањето на школувањето во Гетинген, тригнал кон остварување на својата воена кариера во 1901 година, и станал Fahnenjunker (Кадетски офицер). Вилхелм Кајтел во 1909 година се оженил со Лиса Фонтен, ќерка на богат земјопоседник. Заедно имале шест деца, од кои едно умрело во раното детство. Во Првата светска војна, Кајтел служел на Западниот фронт. Во септември 1914 за време на борбите во Фландрија, Кајтел се задобил со сериозна повреда на подлактицата.
Од 4 февруари 1938 година (де факто) ја вршел должноста министер за одбрана на Третиот Рајх (всушност бил генерален командант на вермахтот, здружените сили на копнената армијата (Heer), морнарицата (Kriegsmarine) и воздухопловството (Luftwaffe))
На 8 мај 1945 година, во Берлин со овластување на во тој момент последниот претседател на Третиот РајхКарл Дениц, ја потпишува безусловната капитулација на Германската војска (Wehrmacht), со што практично завршува втората светска војна на Европска територија.
За време на Нирнбершкиот процес прогласен е за виновен по сите четири обвинителни акти и е осуден на смрт со бесење. Погубувањето е извршено на 16 октомври 1946 година.