Вилхелм Вагенфелд (германски: Wilhelm Wagenfeld, 15 април1900, Бремен, Германија - 28 мај1990, Штутгарт, Германија) бил важен германски индустриски дизајнер на 20. век, ученик на Баухаус. Дизајнирал стаклени и метални објекти за Јенер Гласверк Шот и ген., Верајнигте Лаусицер Гласверке во Вајсвасер, Розентал, Браун Гмбх. и ВМФ. Некои од неговите дизајни сѐ уште се произведуваат.
За класика се смета ламбата за маса наречена Wagenfeld Lampe (1924), која ја дизајнирал заедно со Карл. Ј. Јукер. Благодарение на соработката со Шарл Кродел, неговите дела се нашле на изложбите и во музеите.