Василија Шарац

Доцент д-р Василија Шарац е родена на 24 јули 1972 година во Скопје, Р. Македонија. Додипломски студии завршува на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во периодот од октомври 1990 г. до мај 1995 г., на насоката „Индустриска електроенергетика и автоматизација“ со просечна оцена 8,31. Постдипломски студии завршува на истиот факултет во периодот од октомври 1995 г. до мај 1999 г., со просечна оцена 10 и се стекнува со звање магистер по електротехника. Докторски студии продолжува исто така на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје при што се стекнува со звање доктор на технички науки.

Своето работно искуство го започнува во претставништво на Siemens A.E. во Скопје во периодот од октомври 1995 до декември 2009. Во периодот од 1997 до 2002 работи како асистент на Техничкиот факултет во Битола. Од јануари 2010 се вработува како доцент[1] од областа на електротехниката на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Во 2011 година хонорарно се ангажира во воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Од 2011 година ја извршува функцијата продекан[2] на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“Штип.

Студиски престоj:

  • Ноември 2003 - TEMPUS програма. Добиена стипендија и реализиран студиски престој на Техничкиот факултет во Лувен, катедра за електрични машини и трансформатори.
  • Мај 2011 - Стипендија од страна на Хрватското министерство за образование и наука. Реализиран двонеделен престој на Факултетот за електротехника, машинство и бродоградба, катедра за електромоторни погони и енергетска електроника.

Научен интерес:

  • Проектирање на електрични машини;
  • Техники на оптимизација;
  • Техники за пресметка на електромагнетни полиња;
  • Динамички режими кај електрични машини.

Автор е на повеќе од педесет научни и стручни трудови публикувани во зборници од симпозиуми и конференции[3].

Наводи

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!