Роден е во Ресифе, а веќе во доцните 1950-ти стекнал голема популарност во родната земја. Се прочул на меѓународната сцена кога почнал да соработува со пејачката Аструд Жилберто и нејзиниот сопруг Жуан Жилберто. Во текот на 1966–1967 во САД снимил три значајни албума со Verve во трио заедно со Клаудио Слон (тапани) и Жозе Марино (бас). Продуцент на албумите е Крид Тејлор кој го довел триото во америка за да снима. Валтеровата нумера Summer Samba („Летна самба“) го достигнала 26-тото место списокот на „Билборд“ во летото 1966.[2]
По растурањето на триото[3], Вандерли продолжил да снима албуми со Verve, A&M/CTI и GNP Cresendo. Во овој период имал голем број јавни настапи, вклучувајќи турнеја во Мексико.[2]
Вандерли е познат по својот гладок стил и мајсторство на неговата електрична Хамондови оргули. Починал од рак во 1986 г.
Бил оженет со Изауриња Гарсија, една од најпопуларните пејачки во Бразил.
Дискографија
1959: Festa dançante („Игранка“)
1960: Eu, você e Walter Wanderley („Јас, ти и Валтер Вандерли„)
1961: Sucessos dançantes em ritmo de romance („Хитови за играње во ритам на романсата“)
1961: Walter Wanderley („Валтер Вандерли“)
1962: Samba é samba com Walter Wanderley („Самбата е самба со Валтер Вандерли“)
1962: O sucesso é samba („Хитот е самба“)
1963: Samba no esquema de Walter Wanderley („Самбата е шема од Валтер Вандерли“)
1963: Walter Wanderley e o bolero („Валтер Вандерли и болерото“)
1963: O samba é mais samba com Walter Wanderley („Самба и уште самба со Валтер Вандерли“)
1964: Órgão, sax e sexy-Walter Wanderley e Portinho („Оргули, сакс и секси - Валтер Вандерли“)
1964: Entre Nós („Помеѓу нас“)
1966: Rain Forest („Дождовна шума“)
1966: Chegança („Шеганса“)
1967: Batucada („Батукада“)
1967: Kee-Ka-Roo („Ки-Ка-Ру“)
1968: When It Was Done („Кога заврши“)
1969: Moondreams („Месечеви сништа“)
1969: Popcorn („Пуканки“)
Синглови
Summer Samba (So Nice) („Летна самба“)
On The South Side Of Chicago (На јужната страна на Чикаго), 1967