Бушизми (англ.Bushism) се нарекуваат многубројните необични зборови, фрази, малапропизми, семантички и јазични грешки кои се случуваат во текот на јавните говори на поранешниот претседателот на САД, Џорџ В. Буш.[1][2] Овој израз станал дел од народниот фолклор и се користи во многу книги и блогови, често, за да се карикира овој претседател на САД.
Особености
Некои од вообичаените одлики на бушизмите вклучува:
користење на зборови кои звучат како наменетите зборови но не одговараат на контекстот (малапропизам) како што се „нукуларни гаќи“ (nucular power pants) наместо „атомски централи“ (nuclear power plants)[3] или целосна промена на значењето на реченица како користење на зборот „девалвација“ (devaluation) наместо „дефлација“ (deflation).[4]
создавање на неологизми како што е „такуларен“ (tacular)[5][6][7] — спојување на „тактичен“ и „јадрен“.
повремено користење на спунеризми како што е „пешани мораки“ (mexed missages) наместо „мешани пораки“ (mixed messages) и „териери и барифи“ (terriers and bariffs) наместо „бариери и тарифи“ (barriers and tariffs).[8]
народна множина (плурализација) на познати изрази („suiciders“,[9] и „internets“[10][11]).
користење на неформален јазик за да ја опишува својата работа: „Јас сум момче−заповедник“ (I'm a commander guy).[12][13]
излишна или чудна конструкција на реченици како на пример „Имавме прилика да ја посетиме Тереса Нелсон која е родител и мама или тате.“ (We had a chance to visit with Teresa Nelson who's a parent, and a mom or a dad).[14]
објаснување на очигледното: „Почитувам одржување. Тоа е она што правиш кога се кандидираш за претседател, мора да се одржуваш.“ (I appreciate preservation. It's what you do when you run for president, you've got to preserve.).[15]
↑G.W. Bush (September 302003). Chicago, Illinois. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help); Отсутно или празно |title= (help); Отсутно или празно |url= (help)
↑The official White House transcript states that President Bush said "a commander guy" but numerous reporters and the official stenographer at the event quote him as saying "the commander guy." See: „Bush is A commander guy, not THE commander guy“. Reuters. 4 мај 2007.