Бурјатскиот (буряад хэлэн buryaad khelen) е монголски јазик кој е мајчин јазик на Бурјатите. Јазикот понекогаш се смета и за дијалект на монголскиот јазик. Повеќето Бурјати живеат во Русија, во Бурјатија, каде е службен јазик.[1] Во Русија јазикот го зборуваат 353,113 луѓе (според пописот од 2002), а во Монголија и Кина околу 100.000 луѓе.[2] Јазикот се пишува на кирилица во Русија.[3]
Фонологија
Во бурјатскиот ги има следниве фонеми /i, ə, e, a, u, ʊ, o, ɔ/ (плус неколку дифтонзи),[4] краткото /e/ се изговара [ɯ], а согласките се /b, g, d, th, m, n, x, l, r/, /s, ʃ, h, j/.[5]
Граматика
Бурјатскиот има зборовен редослед подмет-предмет-прирок и има самогласна хармонија. Наместо употреба на предлози, бурјатскиот користи постпозиции. Јазикот има осум падежа: номинатив, акузатив, генитив, инструментал, аблатив, индефинит, комитатив и датив-локатив.[6]
Примери
|
македонски |
класичен монголски |
бурјатски
|
1 |
еден |
Nigen |
Negen
|
2 |
два |
Qoyar |
Khoyor
|
3 |
три |
Ghurban |
Ghurban
|
4 |
четири |
Dörben |
Dürben
|
5 |
пет |
Tabun |
Taban
|
6 |
шест |
Jirghughan |
Zurghaan
|
7 |
седум |
Dologhan |
Doloon
|
8 |
осум |
Naiman |
Nayman
|
9 |
девет |
Yisun |
Yühen
|
10 |
десет |
Arban |
Arban
|
Наводи
- ↑ Skribnik 2003: 102, 105
- ↑ Skribnik 2003: 102
- ↑ Skribnik 2003: 105
- ↑ Poppe 1960: 8
- ↑ Svantesson et al. 2005ː 146; the status of [ŋ] is problematic, see Skribnik 2003: 107. In Poppe 1960's description, places of vowel articulation are somewhat more fronted.
- ↑ „Overview of the Buriat Language“. Learn the Buriat Language & Culture. Transparent Language. Архивирано од изворникот на 2016-06-04. Посетено на 4 Nov 2011.
Литература
- Poppe, Nicholas (1960): Buriat grammar. Uralic and Altaic series (No. 2). Bloomington: Indiana University.
- Skribnik, Elena (2003): Buryat. In: Juha Janhunen (ed.): The Mongolic languages. London: Routledge: 102-128.
- Svantesson, Jan-Olof, Anna Tsendina, Anastasia Karlsson, Vivan Franzén (2005): The Phonology of Mongolian. New York: Oxford University Press.
- Walker, Rachel (1997): Mongolian stress, licensing, and factorial typology. (Online on the Rutgers Optimality Archive website: roa.rutgers.edu/view.php3?id=184.)
Дополнителни информации
Надворешни врски
|
---|
| Федерален јазик | |
---|
| Службени јазици | |
---|
|