Будим или Буда (унгарски: Buda; германски: Ofen) е западниот дел на унгарската престолнина Будимпешта, сместен на западниот брег на Дунав. Името Буда го има добиено од Бледа, хунски водач, чие име е исто Буда на унгарски.[1][2][3]Римското име за Буда било Аквинкум (Aquincum) („aqua“ значи „вода“ на латински.)
Буда зафаќа околу една третина од целосната територија на Будимпешта и е богата со дрва, а и доста ридеста. Најчесто е поврзувана со високи стандарди на живеење, иако тоа зависи од областа на живеење. Познати атракции кои се наоѓаат на нејзина територија се Замокот Буда и Цитаделата.
Будим како тема во уметноста
„Будимскиот крал и кралицата“ (Будимски краљ и краљица) - српска народна песна.[4]
„Што се саит под Будима града“ - македонска народна песна.[5]