Борнхолм (дански: Bornholm; старонордиски: Burgundaholmr) е дански остров на Балтичкото Море, на исток од Данска, јужно од Шведска, североисточно од Германија и северно од западниот дел на Полска. Зазема површина од 588,36 км,[2] на 1 јануари 2019 година островот имал вкупно население од 39.572 жители.
Меѓу главните индустриски активности на Борнхолм, спаѓаат сточарство, занаетчиството, како што се стакларството и производството на керамика користејќи месно изработена глина. Туризмот е исто така значаен во текот на летните месеци. На островот има голем број цркви.
Островот е познат како solskinsøen (Сончев остров) заради неговите временски услови и klippeøen (карпест остров) заради неговата геологија, која се состои од гранит, освен покрај јужниот брег. Топлината од летото се задржува во карпестите формации и времето е прилично топло до октомври. Како резултат на климата, месна сорта на смоква, позната како Борнхолмски дијамант, може да расте локално на островот. Топографијата на островот се состои од драматични карпести формации на север (за разлика од остатокот на Данска, каде се претежно ниски ридови), со борови и листопадни шуми (многу погодени од невремето во 1950-тите), обработливо земјиште на средени и песочни плажи во југот.[3]