Бозата — освежителен практично безалкохолен (1%) пијалак кој се добива со ферментација на брашно од пченица или просо, шеќер и квасец. Овој пијалак може да се најде во повеќето македонски слаткарници, и постана традиционален македонски пијалак. Луѓето кои го прават овој пијалак ги нарекуваат бозаџии. Рецептот за овој пијалак е стар стотици години а кај нас е пренесен со поробувањето од страна на Отоманското Царство.
За почетоците на бозата се верува дека датираат од пред неколку илјади години во времето на Месопотамија, но сигурни податоци добиваме од времето на Отоманското Царство каде што достигнува голема популарност. Бидејќи бил сметан за алкохолен пијалак тој понекогаш бил забрануван од султаните.
Наводи
Надворешни врски
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!