Блокада на појасот Газа — египетско-израелска блокада на појасот Газа, започната од Израелскатавлада на 19 септември2007 г. како одговор на бранот од постојани ракетни и минофрлачки напади на израелска територија од појасот Газа. Опстрелувањето значително се засилило по целосното повлекување на Израел од појасот во август2005 г. и откако Хамас дошол на власт во појасот во февруари 2007 г., а само од јануари до 19 септември 2007 г. довело со убиство на 2 Израелци и ранети 122 Израелци.[1]
Блокадата била критикувана од генералниот секретар на ОН — Бан Ки Мун, Советот за човекови права на ОН и други организации за човекови права. Блокадата е официјално поддржана од американската влада, но во јуни 2010 г., американската државна секретарка Хилари Клинтон ја нарекла ситуацијата во Газа „неприфатлива“.[2][3][4] Британскиот премиер Дејвид Камерон, за време на неговата посета на Турција во јули 2010 г., ги споредил жителите на блокираната Газа со „затвореници“.[2][5]