Блекеде се наоѓа во долината на Елба, додека одредени негови делови се наоѓаат повисоко, сместени до 160 метри надморска височина. Целокупното градско подрачје е дел од две природни зони, Биосферниот резерват Долносаксонски Елбталауе и Природниот пар Елбхеен-Вендланд.
Градски единици
Градот Блекеде се состои од следниве места:
Блекеде (самото градско јадро)
Алт Гарге
Барскамп
Бракеде
Бреце
Гарлсторф
Гарце
Гединген (со Ниндорф)
Карце (со Фогелзанг)
Радегаст
Розентал
Валмсбург (со Реселн)
Вендевиш
Блекеде-Вендиштун (со Ној Блекеде и Ној Вендиштун)
Историја
Почетоци
По падот на Хајнрих Лавот, велфската династија ја изгубила контролата над Артленбург и трговските патишта кон Бардовик. Затоа, Блекеде бил основан во 1209 година,[2] при што бил доделен на војводата Вилхелм фон Линебург и бил споменат како ново трговско средиште под ознаката Левенштат на Елба. Името избрано во чест на Хајнрих Лавот не опстојало. Името на местото веројатно потекнува од старогерманскиот збор „Блек-ити“ (Blek-ithi), што означува светло место,[3] и потекнува од претходната германска и вендска населба Блекеца (Bleketsa).
Градско право и утврдување
Во 1293 година, Блекеде уште немал градски права и имал само монетарно право заедно со други градови. Во 1310 година и официјално ги добил градските права. Со тоа започнала изградбата на градските бедеми, кои до 1929 година ги обележувале границите на градот.
За заштита и обезбедување на прометот преку Елба веројатно во XIII век започнала изградба на тврдина во Блекеде. Замокот во Блекеде бил подигнат на постара градба од 1270 година. Во 1379 година, војводата Алберт од Линенбург-Целе го заложил замокот во Блекеде на неговите доверители, градовите Хамбург, Либек, Хановер и Линебург. На крајот, градот Линебург го поседувал градот до 1600 година.
Од почетокот на XVII век
Од 1593 година до смртта во 1623 година, кмет на градот бил Фриц фон дем Берге. Во 1666 година, Блекеде скоро целосно изгореле. Во 1720 година дошол првиот лекар во Блекеде и во 1735 година била изградена Старата аптека, која и денес постои.
Од 1 април 1885 година, Блекеде бил окружен град на новосоздадениот истоимен округ, кој на 1 октомври 1932 година повторно бил припоен кон округот Линебург.
Прва светска војна
Во текот на Првата светска војна бил подигнат резервоар за нафта од страна од царската морнарица. Од 1936/37 година градежната активност била особено интензивна. Резервите на нафта биле сместени на површина од 150 хектари. Вкупниот капацитет изнесувал околу 340.000 т.[4] Постоел тунелски систем кој ги поврзувал сите 34 подземни бункери. Три години по крајот на Втората светска војна, бункерите биле демонтирани и разнесени. Околу 12.000 метри цевки и друга опрема биле пренесени во Англија. Од 1960 до 1968 година областа била израмнета.
Втора светска војна
Во време на националсоцијализмот започнала изградба на термоцентрала на јаглен во местото Алт-Гарге, непосредно до реката Елба. За овие потреби од 1940 година биле користени принудни работници, кои биле сместени во кампот „А“. Во 1944 година бил поставен подкамп на концентрацискиот камп Нојенгаме, кој постоел таму до 15 февруари 1945 година.[5][6]
Првиот блок на централата започнал со работа по војната, со 70 мегавати. Во 1970-тите години имало идеја да се изгради атомска централа во местото Алт-Гарге. Во 1974 година, централата на јаглен прекинала со работа. Нејзините постројки биле демонтирани во 1987/88 година. Остатоци од централата уште се видливи. Во близина на некогашните кампови во Алт-Гарге постојат спомен-плочи.
Повоено време
Германија изгубила во Втората светска војна и подоцна била поделена. Во последните воени денови, сојузните трупи напредувале кон север. На 29 април 1945 година, десет километри од Блекеде, британските трупи од Артленбург преминале кај Шнакенбек преку поставен мост[7][8] и го окупирале блискиот град Лауенбург, по што продолжиле кон Шлезвиг-Холштајн.[7] Кратко потоа, во ноќта од 30 април кон 1 мај 1945 година, трупите на 9. американска армија преминале преку понтонски мост преку Елба во Блекеде. Во борбите умреле 86 лица.
Припојувања
При административната реформа на 1 март 1974 година бил проширен градот Блекеде. Кон него се приклучиле дотогашните општини Алт Гарге, Барскамп, Бракеде, Бреце, Гарлсторф, Гарце, Гединген, Карце (со Фогелзанг), Радегаст, Розентал, Валмсбург (со Реселн) и Вендевиш.
По војната, градските делови Ној Блекеде и Ној Вендиштун, сместени на десниот брег на Елба, припаѓале на Источна Германија. Градот, со тоа бил поделен на ист начин како Медларојт во Тирингија и Баварија. По повторното обединување на Германија, обете места, кои припаѓале на општината Телдау, повторно станале делови на градот Блекеде и заедно со Амт Нојхаус повторно станале дел од округот Линебург. Ова се случило на 30 јуни 1993 година.[9]
Политика
Градот Блекеде припаѓа на покраинскиот круг бр. 48 Елба и во сојузниот круг бр. 38 Лихов-Даненберг - Линебург.[10][11]
Градски совет
Градскиот совет се состои од 24 избрани членови. На општинските избори од 2016 година биле добиени следниве резултати:[12]
↑Gründungsurkunde vom 28. August 1209, Staatsarchiv Hannover
↑Namenserläuterung nach Jürgen Udolph unter Ortsnamen auf NDR 1 Niedersachsen (abgerufen im Mai 2011)
↑Großbaustelle Bleckede – Der Ölhof 1935/36. In: Elbmarschpost, 19. September 2007
↑John Hopp, Die Hölle in der Idylle. Das Außenlager Alt Garge des Konzentrationslagers Neuengamme, erw. Neuausgabe, Hamburg 2013. und:"Die KZ-Außenstelle Alt Garge: Die Erinnerung ist noch wach". In: Elbmarschpost, 14. September 2006
↑Landtagswahlkreise ab 16. Wahlperiode. Wahlkreiseinteilung für die Wahl zum Niedersächsischen Landtag. Anlage zu § 10 Abs. 1 NLWG, p. 4. (pdfАрхивирано на 25 јули 2011 г.; 87 kb).
↑Beschreibung der Wahlkreise. Anl. zu § 2 Abs. 2 Bundeswahlgesetz. In: Achtzehntes Gesetz zur Änderung des Bundeswahlgesetzes. Anl. zu Artikel 1. Bonn 18. März 2008, p. 325. (pdfАрхивирано на 25 јули 2011 г.; 200 kb).