Битка кај Калиник

Битка кај Калиник
Дел од серијалот за
Третата македонско-римска војна
Датум 171 п.н.е.
Место Близу Лариса
Исход Победа на Македонија
Завојувани страни
Македонија Римска Република
Команданти и водачи
Персеј Лициниј Крас

Битката кај Калиник е дел од Третата македонско-римска Војна (172 - 168 г. п.н.е.), која се водела помеѓу Римската Република и Античка Македонија. Македонците биле предводени од Персеј, додека римските сили биле предводени од конзулот Публиј Лициниј Крас. Битката е опишана од Тит Ливиј во "Ab urbe condita" кн. 42, 57-60. Калиник е името на местото, каде се водат борбените дејства.[1] Римската коњица е командувана од братот на конзулот Крас - Гај Лициниј Крас.

Персеј долго се подготвувал за оваа битка, неговата коњаница успеала да ги изненади Римјаните и да им нанесе пораз. На веста за исходот од оваа битка, повеќето дотогаш про-римски настроени грчки градови преминале на страната на Македонците или пак прогласиле неутралност. Персеј после битката на Римјаните им понудил мир, но таа понуда била одбиена од страна на Римјаните.

Наводи

  1. Тит Ливиј, "Ab urbe condita" кн. 42, 57-61

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!