Битка за Грозни претставува дел од Првата чеченска војна. Битката започнала откако чеченските вооружени сили спровеле изненаден напад врз градот Грозни на 6 август 1996 година. Нападот, познат како Нулта операција или Операција Џихад довел до конечен прекин на огнот и крај на Првата чеченска војна.
Претходно, главниот град бил заземен од страна на Русите во февруари 1995 година, каде од страна на руските сили имало голем број на убиени.
Напад на сепаратистите
Бројот на чеченските сили се движел од 1,300 до 3,000 војници. Во рок од една недела, нивниот број се зголемил на 7,000 како резултат на платениците и мобилизацијата на нови војници. Од друга страна, руските федерални сили се состоеле од околу 15,000 до 20,000 војници заедно со огромна воздушна артилериска помош. И покрај тоа, Аслан Масхадов употребил тактика која се покажала мошне успешна. Нападот започнал со постепено влегување на силите во градот, избегнувајќи ги руските контролни пунктови. Како главен фактор на успехот се должел нивното познавање на градот и неговите стратешки цели.
По навлегувањето во градот, наместо зазимање на руските контролни пунктови, полициски станици и стратешки улици, чеченските сили едноставно ги обиколиле истите и спречиле нивно бегство или засилување однадвор, чекајќи руските сили да се предадат[1]. Најголемите битки се воделе низ улиците во центарот на градот, посебно пред објектот на владата и Мннистерството за внатрешни работи. Група од околу десетина руски новинари останале заробени во еден хотел.[2] Во друг дел од градот биле заробени околу 500 Руси, кои се наоѓале во болница[3]. Според руската новинска агенција, бројот на опкружени војници бил околу 7,000[4]. Про-руската чеченска влада успеала да побегне во една воена база надвор од главниот град[5].
Во исто време, чеченските единици, исто така нападнале и други поголеми градови во републиката, како Аргун и Гудермас.
Напад на руските сили
Руските сили првично пресметле дека нивните противници ќе го напуштат градот, па главно поради ова не презеле иницијатива за помош на оние кои биле заробени, посебно за единиците на МВР. Првите обиди за ублажување на ситуацијата не биле преземени додека во попладневните часови на 7 август, една воена колона била испратена на помош на опколените руските позиции. Сепак, еден ден претходно, групата предводена од Закаев запленила голем број на муниција. Според податоци од 2002 година, групата убила повече од 300 руски војници на железничката станица во Грозни.
Руската војска испратила друга колона на 8 август, но истите биле запрени и на тој начин биле запленети многу тенкови и оклопни возила. На петтиот ден, 900 луѓе на полкот 276 се обиделе да го преземат градот, но во рок од два дена жртвите биле околу 150 плус околу 300 повредени. Во текот на петте дена руска офанзива, руските сили изгубиле 18 тенка, 69 оклопни возила и други видови борбени возила, 23 камиони и 3 хеликоптери.
Европската Унија ги повикала двете страни да го прекинат огнот, но истиот повик немал ефект[2]. Рускиот претседател Борис Елцин прогласен ден на жалост за жртвите во Чеченија. Според шефот на Меѓународниот Црвен Крст во Грозни, поголемиот дел од градот бил миниран, и покрај тоа што имало големи воздушни напади[6].
Преговори (11-14 август)
На 10 август, генералот Олег Лобов бил отпуштен и на негово место бил поставен Александар Лебед. Убеден дека една воена победа во тој момент за Русија е невозможна, тој одлучил да влезе во преговори со сепаратистите. Во ноќта на 11 август 1996 година, Лебед ги започнал преговорите со Алсан Масхадов.
Прекин на огнот (14-19 август)
На 14 август, чеченските сили речиси целосно го контролирале Грозни. Руските сили одбиле да се вратат во градот и се статиционирале на аеродромот. Во градот останале уште околу 2,000 руски војници, кои во недостиг на храна и муниција биле осудени на пропаст. Под овие околности, Лебед успеал да договори прекин на огнот.
Обнова на борбата и ултиматум (19-20 август)
Изненадувачки, на 19 август генералот Поликовски издал ултиматум кон бунтовниците да во рок од 48 часа го напуштат Грозни. Во случај на одбивање, нападите кон градот ќе се одвивале од сите правци со сите расположливи средства. Заканата резултирала со масовна паника меѓу цивилното население. Така, воздушните и артилериск напади започнале во раните утрински часови на 20 август. Во нападите, руските сили уништиле цели станбени блокови и најмалку една болница.
Крај на војната
Генералниот Лебед, сепак, успеал да се спречи натамошно крвопролевање во Грозни, додека руската офанзива во јужниот дел на планините продолжувала. По враќањето во Чеченија на 20 август, тој наредил прекин на огнот и се вратил на разговори со водачите на бунтовниците, потпомогнати од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.[7] На 22 август 1996 година, Русите се согласиле да ги повлечат сите своите сили во Чеченија. На 30 август 1996 година, Лебед и Масхадов потпишале договор, со кој бил ствен крај на војната.
По војната
Во средината на ноември 1996 година, Борис Елцин и Аслан Масхадов потпишале договор за економски односи и репарации за Чеченците кои биле погодени од војната. На 12 мај 1997 година, претседателите Масхадов и Елцин потпишале формален договор во Москва. Сепак, упадот на руските војски во Дагестан во 1999 година го дал почетокот на Втората чеченска војна.
Наводи
- ↑ Risky Walk in Rebel-Held Chechen Capital, The New York Times, August 14, 1996
- ↑ 2,0 2,1 Civilians flee besieged Chechen capital Архивирано на 3 мај 2008 г., CNN, August 11, 1996
- ↑ Occupation of Municipal Hospital No. 9 Архивирано на 3 март 2016 г., Memorial 1996
- ↑ Fighting rages on in Chechnya; Situation said to be 'totally out of control' Архивирано на 22 март 2003 г., CNN, August 9, 1996
- ↑ Rebel attack on Grozny intensifies Архивирано на 3 мај 2008 г., CNN, August 7, 1996
- ↑ Residents flee in panic as Grozny becomes a battleground Архивирано на 18 јуни 2002 г., CNN, August 11, 1996
- ↑ Chechen peace talks may resume; But civilian casualties mount in intensified fighting Архивирано на 4 мај 2008 г., CNN, July 22, 1996