Метрополитенската област е составена од слободните градовиБерлин и Потсдам (покраинскиот главен град на Бранденбург) и 67 други градови и општини.[5] Останатите градови и општини се подредени подолу, поделени по округ (Landkreis). Градовите се обележани со (г):
Областа се дели на три нивоа на единици (Zentralörtliche Gliederung): Метропола (Metropole), горен центар (Oberzentrum) и 17 средни центри (Mittelzentren).
Населението на метрополитенската област е близу 4,5 милиони жители (од вкупно 6 милиони во Берлин и Бранденбург), главно сконцентрирани во Берлин и Потсдам. Другите градови имаат население помало од 50.000 жители, а најмалку населени општини се Песин (654) и Рецов (562). Списокот ги прикажува најмногу населените места во областа: