Бени е департман во североисточна Боливија. Овој департман е вториот најголем департман во државата (веднаш после Санта Крус) со површина од 213.564 км2 и бил создаден со декрет од 18 ноември1842 за време на владеењето на генералот Хосе Баливијан. Со само 362.521 жител, Бени е втор најслабо населен департман во Боливија, веднаш после департманот Пандо. Бени има тропска клима со високи температури преку лето. Главен град на Бени е Тринидад.
Покраини во Бени
Департманот е поделен на 8 покраини кои пак се поделени на општини и кантони.