Балатон (унг. Balaton, лат. Lacus Pelso, гер. Plattensee) — најголемо езеро во Средна Европа и се наоѓа во Унгарија. Реката Зала е најголемата притока на езерото, а канализираниот Шио е единствената истека од езерото.
Со површина од 592 км2, должина од 77 метри и широчина од 14 километри, езерото се наоѓа на 104 метри надморска височина, со најголема длабочина од 12,2 метри (просечна длабочина од 3,2 метри).
Име
Постојат неколку варијанти за потеколот на името Балатон:
Описниот превод би го дал значењето Блатно езеро, што оди во прилог на тезата дека името потекнува од словенскиот збор блато. Меѓутоа Бала, веќе нема никакво значење во модерниот унгарски јазик, додека тон (унг. ton) има значење на езеро.
За време на Римското Царство езерото се нарекувало Плитко езеро (лат. Lacus Pelso), додека германците го користеле името (гер. Plattensee), кое има исто значење како и на латински јазик.
Клима
Езерото Балатон, со зголемени атмосферски врнежи, влијае врз климата на околината. Има многу облачни денови, помала варијација на температурата за разлика од останатиот дел на Унгарија. Во текот на зимата површината на езерото обично е замрзната.
Туризам
Туризмот е доста развиен, најголем промет се остварува од јуни до септември, кога просечната температура на водата е 25 °C. За време на силните зими се организира риболов на лед и така се продолжува туристичката сезона.
Pongrác Galsai: Der Balaton. Landschaft und Geschichte, Corvina Verlag, Budapest, 1978, ISBN 3876807492
László Trunko: Sammlung geologischer Führer Band.91, 2000, ISBN 344315073X
Anasztázia Koncz: Balaton: Bildband, Corvina Verlag, Budapest, 1986, ISBN 963-13-2206-8
Francé, R.: Balaton-Ausschuß der Ungarischen Geographischen Gesellschaft: Resultate der wissenschaftlichen Erforschung des Balatonsees, Wien, Commissionsverlag