Ајдерштет (германски: Eiderstedt; дански: Ejdersted; севернофризиски: Ääderstää) — општинска заедница во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Општинската заедница целосно се простира на истоимениот полуостров, освен за градот Тенинг. Нејзиното седиште е во градот Гардинг.
Историја
На 1 јануари 2008 година независната општина Санкт Петер-Ординг станал дел од општинската заедница.
Поделба
Општинската заедница Ајдерштет се состои од следниве општини:
- Гардинг
- Кирхшпил Гардинг
- Гротузенког
- Катариненхерд
- Коценбил
- Нордерфридрихског
- Олденсворт
- Остерхефер
- Попенбил
- Санкт Петер-Ординг
- Татинг
- Тетенбил
- Тимлауер-Ког
- Фолервик
- Велт
- Вестерхефер
Грб
Грбот прикажува златен брод на сина позадина со три едра на кои со црвено се нацртани леопард, крава и риба.[1]
Наводи
Надворешни врски