Аспергеров синдром (анг.AS или AD) е еден од неколкуте пореметувања од аутистички спектар (анг.ASD) кој се одликува со потешкотии во друштвената интеракција и ограничени, стереотипни интереси и активности. Исто така се нарекува и Аспергерово пореметување или само Аспергер, иако, меѓу клиничките истражувачи нема многу голема согласност за тоа дали треба да се вика синдром или пореметување.[1]
Аспергеровиот синдром се разликува од останатите пореметувања од спектарот на аутизмот по тоа што кај него, воопшто, нема застој во јазичниот и когнитивниот развој. Сепак, во стандардните дијагностички критериуми не е спомната моторичката неспретност и атипичната употреба на јазикот, што се јавува често.