Асеновград (бугарски: Асеновград) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Асеновград во Пловдивската Област. Има население од околу 51.601 жители (2022).[1]
Асеновград е наследник на античкиот Стенимахос (грчки јазик:Στενήμαχος). Градот првпат се споменува 700 години пред новата ера. На 2 км јужно од градот се наоѓа средновековната Асенова тврдина на бугарскиот цар Иван Асен II.
Географија и местоположба
Градот се наоѓа во клисурата на реката Асеница, на нејзиниот излез од Родопите кон Горнотракиската Низина. Поради оваа причина, општината Асеновград формира природна врска помеѓу Централна Бугарија, Централните Родопи и Белото Море. Оддалечен е на 19 километри од регионалниот центар Пловдив и 167 км од главниот град Софија.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| 1.000.000+ | |
---|
| 300.000+ | |
---|
| 200.000+ | |
---|
| 100.000+ | |
---|
| 50,000+ | |
---|
| 20.000+ | |
---|
| 1.000+ | |
---|
|