Арнштат (нарекуван и Бахштат, „град на Бах“; германски: Arnstadt или Bachstadt) — град и административно седиште на округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот се наоѓа во средишниот дел во Тирингија, сместен на реката Гера, околу 20 километри јужно од покраинскиот главен град Ерфурт.
Првпат градот бил споменат во 704 година со што е еден од најстарите градови во Германија освен римските населби. До XVIII век, Арнштат бил резиденција на грофовите од Шварцбург. Од Арнштат потекнува тириншкиот братвурст (1404) и германското пченично пиво, надвор од Баварија (1617). Арнштат е еден од петте градови на Бах во Тирингија.
Арнштат поседува многу добро обновено историско градско јадро со делумно зачуван градски бедем. Поради својата местоположба на северниот раб од Тириншката Шума градот го има прекарот „Портата на Тириншката Шума“. Помеѓу градот и автопатите 4 и 71 се наоѓа една од најголемите индустриски и стопански зони во Тирингија.
Географија
Арнштат се наоѓа на јужниот раб од Тириншката Котлина на околу 300 метри надморска височина и низ него тече Гера. Реката Випфра поминува низ источните градски единици. Ридското подножје на Тириншката Шума ја обележува јужната граница на Арнштат. Највисока точка во градското подрачје е Халскапе со 605 метри на границата со Илменау, додека најниска точка е околу 250 метри во долината на Гера северно од Рудислебен.
Градски единици
Покрај градското јадро, во градот влегуваат следниве места:
Композиторот Јохан Себастијан Бах, чие семејство со генерации живеало во близина на Арнштат, станал оргулар во црквата Свети Бонифациј во 1703 година. Повеќето ученици на Бах верувале дека добро познатата „Токата и Фуке во Д-мол“ била напишана овде помеѓу 1703 и 1709 година.
Политика
Градски совет
Градскиот совет на Арнштат е составен од 34 места. Распределбата на местата според последните општински избори на 26 мај 2019 година е следна:[2]
Арнштат поседува убаво зачуван стар град, кој е претворен во пешачка зона. Некои од неговите вредни градби се црквата на Богородица од XIII век и дворецот од XVIII век.