Аптека — малопродажна продавница која продава лекови и други фармацевстки и козметички производи, кои се издаваат врз основа на лекарски рецепт или се слободно расположливи за продажба. Повеќето производи што ги продава аптеката се произведени во фабриките од фармацевстката индустрија, но некои производи ги подготвува аптекарот. На пример, во 1930 година, 75 % од лековите биле подготвувани во аптеките, но веќе во 1970 година улеството на тие производи изнесувало само 1 %.[1]