Ангиотензиногенот е α-2-глобулин кој се произведува воглавно во црниот дроб и се ослободува во циркулацијата.
Ангиотензиногенот претставува супстрат за ренинот. Хуманиот ангиотензиноген е долг 453 аминокиселини, но кај другите видови ангиотензиногенот има различна големина. Првите 12 аминокиселини се најзначајни за неговата активност.
Ангиотензинот I нема биолошка активност и претставува претходник на ангиотензинот II.
Ангиотензин II
Asp-Arg-Val-Tyr-Ile-His-Pro-Phe | His-Leu
Ангиотензинот I се претвора во ангиотензин II (AII) преку отстранување на две C-терминални резидуи, преку дејството на ензимот ангиотензинскопретворачки ензим (АКЕ), примарно во белите дробови (но исто така и во ендотелните клетки и епителните клетки во бубрезите).