Во почетокот, главниот град бил Медиоланум Сантонум денешен Сент, а подоцна и Бурдигала денешниот Бордо.
Аквитанска Галија добила статус на империјална провинција во која биле вклучени областите помеѓу реката Лоара и Пиринеите. Според административната реформа на Диоклецијан (284-305) била поделена на на 3 провинции.
За време на распадот на Римското Царство, Аквитанска Галија била доделена од императорот Хонориј на Визиготите и откако добила статус на федерацја, го основала во 418 година првото варварско царство на територијата на Западното Римско Царство, кое подоцна прераснало во Царството на Визиготите со центар во Толедо[3].