Агенција за разузнавање (АР) — е посебен орган на државната управа, која согласно Законот за АР е разузнавачка служба овластена за собирање, анализа и обработка на разузнавачки информации коишто се значајни за безбедноста, одбраната, политичките, економските и други интереси на Македонија.
Историјат
Агенцијата за разузнавање е основана како посебен орган на државната управа со Законот за Агенцијата за разузнавање од 1995 година. Прв директор на Агенцијата за разузнавање е Владо Поповски, кој ја извршувал должноста до 1999 година.
Задачи и надлежности
Собира податоци и информации од значење за безбедноста и одбраната на Македонија и стопанските, политичките и други интереси на државата.
Врши анализи и истражувања на податоците и информациите и задолжително го известува Претседателот на Македонија, Владата на Македонија и други државни органи за прашања од значење од нивниот делокруг.
Соработува со државни органи за прашања од заеднички интерес. Во остварувањето на меѓусебна соработка, Агенцијата и државните органи се должни заемно да си достават податоци, известувања, информации и да ги координираат акциите од надлежност на Агенцијата.[2]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски