Авијатичарот (филм од 2004)

Авијатичарот (англиски: The Aviator) е американски филм од 2004 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги ги толкуваат: Леонардо Ди Каприо, Кејт Бекинсејл, Џад Ло, Алек Болдвин, Гвен Стефани и Кејт Бланшет. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во 11 категории, а освоил пет. Исто така, филмот е добитник и на наградата „Златен глобус“ во три категории и на наградите на „БАФТА“ во четири категории.[1]

Содржина

Филмот е биографска драма, посветена на ликот и животот на режисерот и авијатичар Хауард Хјуз во периодот од доцните 1920-ти до средината на 1940-тите. Приказната започнува кога младиот Хјуз (го игра ди Каприо) го режира филмот „Ангели од пеколот“. Притоа, Хјуз е толку опседнат со тоа снимките на летовите да делуваат уверливо и совршено, што со часови чекал да се создадат идеални услови за снимање. Филмот завршува во 1946 година, кога Хјуз бил во љубовни врски со глумиците Ава Гарднер (ја игра Бекинсејл) и Кетрин Хепберн (ја игра Бланшет).[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Биографска драма за легендарниот Хауард Хјуз“, Антена, број 876, 10.4.2015, стр. 3.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!