Џуџест крокодил

Џуџест крокодил
Западноафрикански џуџест крокодил
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Влекачи
Ред: Crocodilia
Семејство: Crocodylidae
Род: Osteolaemus
Cope, 1861
Вид: O. tetraspis
Научен назив
Osteolaemus tetraspis
Cope, 1861
Подвидови
  • O. t. tetraspis Wermuth & Mertens (1961)
  • O. t. osborni (Schmidt (1919)) Wermuth & Mertens (1961)
Распространетост на џуџестиот крокодил

Џуџестиот крокодил (Osteolaemus tetraspis) е африкански вид на крокодил. Тој е најмалиот преживеан вид од фамилијата Crocodylidae.

Класификација

Osteolaemus tetraspis е единствениот вид кој припаѓа на редот Osteolaemus. Во овој вид се идентификувани 2 подвида:

  • Osteolaemus tetraspis tetraspis – Западноафрикански џуџест крокодил
  • Osteolaemus tetraspis osborni - Конгоански џуџест крокодил (Осборнски џуџест крокодил)

Osteolaemus tetraspis osborni за првпат бил идентификуван од Шмидт во 1919 година како Osteoblepharon osborni. Оваа идентификација се засновала врз истражувањата на неколку единки од басенот на Горно Конго во Демократската Република Конго. Сепак Ингер во 1948 ги внесува во редот Osteolaemus под името Osteolaemus osborni. Подоцна, односно во 1961 година Вермут и Мертенс го класифицираат како подвид. По проучувањето на последните докази се појавува сомнеж во веродостојноста на оваа класификација, и се смета дека е можно Osteolaemus tetraspis osborni да е посебен вид.

Особености

Возрасен џуџест крокодил достигнува средна големина од 1,5 метри, додека рекордната регистрирана големина е 1,9 метри. Возрасните единки се со црна боја на грбот и од страните, жолтеникава боја со црни дамки на долниот дел односно стомакот. Младите единки имаат светлокафена трака на телото и опашката и жолти дамки на главата. Овие крокодили поради малата големина се лесен плен за грабливците, па затоа на вратот, грбот и опашката имаат заштита, и остеодерми на стомакот и под вратот.

Џуџестиот крокодил има кратка муцка, која е долга колку што е и широка, слична на џуџестиот кајман. O. t. tetraspis има посветла боја на кожа, поостра муцка и поцврст оклоп од O. t. osborni.

Живеалиште и распространетост

Џуџестите крокодили живеат во тропските делови на потсахарска Западна Африка и западна Централна Африка. Има слична распространетост до африканскиот крокодил. Ги опфаќаат регионите помеѓу Сенегал на запад, Централноафриканската Република на исток, и јужно до Ангола. Подвидот O. t. tetraspis живее во западните делови додека O. t. оsborni живее во дождовните шуми во Демократската Република Конго.

Овие животни живеат во постојаните мочуришта и во реките во дождовните шуми. Сепак постојат извештаи и за единки кои живеат во изолирани езерца во саваните, и кој ја поминуваат сувата сезона во јами кои самите ги копаат.

Однесување

Џуџестите крокодили се бавни, срамежливи и ноќни животни. Како и останатите крокодили, и овој вид е адаптиран за лов на рбетници, големи безрбетници како раковите и понекогаш доколку му се пружи можност јаде и мрша. Ловењето се одвива најчесто во вода или близу до вода, но се случува да ловат и на копно, поготово после дождовите кога има бујна вегетација погодна за криење и изненадување на пленот.

Подвидовите од конгоанскиот басен имаат специфична одлика да се хранат со риба за време на поплавите од влажната сезона. Кога има дефицит на храна за време на сувата сезона, единките се хранат со ракови. Поради нивната самотна природа, џуџестите крокодили најчесто денот го поминуваат во дупки и јами кои сами ги копаат. Овие дупки можат да имаат и подводен влез.

Размножување

Џуџест крокодил во Бристолската зоолошка градина
Џуџест крокодил во Бристолската зоолошка градина

Интеракција помеѓу индивудуите има само за време на сезоната за парење. Женките ги градат нивните гнезда на почетокот од влажната сезона, односно за време на мај и јуни. Гнездото кое се наоѓа во близина на вода е во форма на насип од влажна и гнила вегетација, кое има улога на инкубатор на јајцата и ја одржува темературата благодарение на гниењето на растителниот материјал. Најчесто бројот на јајцата е околу 10, а во екстремни случаи може да достигне и до 20. Инкубацијата трае помеѓу 85 и 105 дена. Кога излегуваат од јајцата, малите крокодили се долги само 28 cm. Женката го чува гнедото за време на инкубацијата, а потоа и се грижи за младите за времe на одреден период чија должина сѐ уште е непозната. Младите крокодили се лесен плен за голем број грабливци како птици, риби, цицачи и други крокодили.

Заштита

Џуџестите крокодили се вид за кој не се знае многу. Па затоа е тешко да се утврди точниот број на популации, и нивната загрозеност од зголемувањето на активностите на човекот во пределите во кои живеат. Се смета дека има намалување на популациите како реулатат на лов или како резултат на намалување на природното живалиште поради уништувањето на шумите. Сепак, поради големата распространетост на овој вид се смета дека не е толку загрозен како некои други жители на овие шуми. Производите од кожата на џуџестиот крокодил се со многу слаб квалитет, поради што нема интерес за нивно одгледување во заробеништво.

Надворешни врски


Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!