Џамијата Имам Али (арапски:حرم الإمام علي ) е муслимански храм кој се наоѓа во Наџаф, Ирак. Овој храм е познат и како Месџид Али или Гробот на Али. Али е исламски водач и роднина на пророкот Мухамед, првиот имам и четвртиот калиф[1]. Според шиитското верување[2], закопани до Али во оваа џамија се посмртните останки на Адам и Нух (Ное)[2][3]. Објектот бил изграден во 977 година, на неколкупати оштетуван и повторно реконструиран. По нападот на САД врз Ирак во близината на џамијата се случиле многу напади, како убиството на шиитскиот водач Абдул Маџид ал-Коел во 2003 година, истата година експлозија од автомобил-бомба каде загинале околу 120 луѓе, во 2004 година од минофрлач била оштетена портата на храмот, во 2006 година од експлозија повторно биле убиени околу 40 луѓе.
Наводи
↑„Ali“, Wikipedia (англиски), 2021-04-25, Посетено на 2021-04-28