Јазиците во Парагвај е поим со кој се опфаќаат сите јазици кои се зборуваат на територијата на оваа јужноамериканска држава. Парагвај е двојазична држава, каде населението зборува и шпански и гварански јазик. Двата јазика се официјални во Република Парагвај.[1]
Службени јазици
Шпанскиот јазик го зборуваат околу 87% од населението, додека гваранскиот го зборуваат над 90% од населението и има околу 4.650.000 говорници. 52% од Парагвајците зборуваат само гварански. Карактеристично за Парагвај и гваранскиот јазик е тоа што се единствената држава и староседелски јазик кој бил наметнат, или подоминантен од колонијалниот јазик.
Гваранскиот јазик (avañe'ẽ, шпански: Guaraní) или познат како парагвајски гварански е староседелски јазик во Јужна Америка кој е дел од семејството на туписки јазици. Гваранскиот е еден од службените јазици во Парагвај, каде се зборува од мнозинското население и половина од руралното парагвајско население зборува само на гварански[2] Покрај Парагвај, јазикот се зборува во соседните држави, поточно во северна Аргентина и југозападен Бразил. Во аргентинската покраина Кориентес гваранскиот јазик е службен јазик[3].
Шпанскиот јазик (español) или познат како кастиљски јазик (lengua castellana) е романски јазик од групата на ибероромански јазици. Јазикот се развил од неколку јазици и дијалекти кои се зборувале во централниот дел на Пиринејскиот Полуостров во 9 век[4]. Јазикот постепено се зголемувал и се приширувал со експанзијата на Кралството Кастиља.
Соврмениот кастиљски јазик се развил со прераспоредување на согласките, процес кој започнал во 15 век. Јазикот постепено почнал да создава нови зборови, како од домашно, така и од странско потекло. Јазикот станал значаен со шпанската колонизација на Америка, Африка и делови од Азија - колонизација која била предводена од Шпанската империја во периодот од 15 до 19 век. Во тој период јазикот станал најзначаен јазик за владата и трговијата.[5]
Малцински јазици
Околу 50.000 Парагвајци зборуваат на староседелски јазик различен од гваранскиот. Тие се::[6]
↑Mortimer, K 2006 "Guaraní Académico or Jopará? Educator Perspectives and Ideological Debate in Paraguayan Bilingual Education" Working Papers in Educational Linguistics 21/2: 45-71, 2006