Ѓорѓи Војтех

Ѓорѓи Војтех бил скопски големец кој кренал востание против Византија во 1072 година. Нему му се придружил и синот на Михајло и подоцнежен наследник на Дукљанскиот престол, Константин Бодин кој впрочем бил прогласен за цар под името Петар. Востанието на Ѓорѓи Војтех, наредната 1073 година, било задушено поради тешкиот пораз што го претрпела македонската востаничка војска кај Костур при нивниот продор јужно кон Тесалија.

Востанието

Востанието прво се кренало во Скопје. Востаниците побарале помош од зетскиот кнез Михаило, кои бил во роднински врски со Цар Самуил. Тој го испратил неговиот син Константин Бодин со 300 војници. Македонските востаници се упатиле кон Призрен, каде го прогласиле за цар. Оттаму се упатиле кон Македонија. Биле ослободени Скопје, Охрид и Преспа. На север од Македонија, востанициите го ослободиле Косово и Нишката област. Поразот на востаничката војска кај Костур ги натерала востаниците да се повлекуваат. По ослободувањето на Скопје од Византија, Ѓорѓи Војтех се упатил кон Косово, кај Бодин. Во решавачката битка, востаниците биле поразени. Водачот на востанието Ѓорѓи Војтех и Бодин биле заробени, а Македонија повторно потпаднала под византиска власт.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!