Ѓавоља Варош (српски: Ђавоља варош, „Ѓаволски Град“) — карпеста образба во јужна Србија на планината Радан кај Куршумлија. Има 202 необични земјени пирамиди или кули, како што ги нарекуваат мештаните. Високи се од 2 до 15 м и широки од 4 до 6 м при основата. Создадени се со силна ерозија на почвата поради голема вулканска активност пред повеќе милиони години.[1] Највеќето кули имаат „глави“ или „капи“ од андезит, кои ги штитат од понатамошни одрони.[2]
Почнувајќи од 1959 г. местото е заштитено со закон, а во 1995 г. дрржавата го прогласила за споменик на природата од прва категорија.[3]
Под камените образби има два извора: Ѓавоља Вода (Ѓаволска Вода), со крајно кисела вода (pH 1,5) и голема концентрација на минерали (15 г/л) и Црвено Врело.[3]
Ѓавоља Варош бил кандидат во кампањата „Седум светски чуда на природата“.[4]
Најслични образби во Македонија се Камените Кули кај с. Куклица, Кратовско.
Поврзано
Наводи
Поврзано